Тешко дека во светот можат да се најдат понечесни шпекулации со името на еден народ од оние што бугарските историчари, политичари и идеолози ги прават во однос на македонскиот народ.
Тие многу грижливо го негираат фактот дека името "Бугари" дадено на северните Македонци во средновековието, претставува политичко (а не етничко) име. Но, тие тенденциозно ја кријат оваа вистина. Тие исто така многу добро знаат дека честопати разни народи носеле (а и денес носат) политички имиња во кои не е содржана етничката припадност на дотичниот народ. Уште во средината на минатиот век, англискиот мисионер во Турција А. Лонг изјавил: "Народите обично имаат по две имиња. Едното си го даваат самите на себе, а другото им се дава или им се наложува од соседните народи" (А. Лонг, "Славјаните и Бугарите", Цариград, 1870, стр. 20).
Името кое народите самите си го даваат е таканареченото етничко име, а второво е политичкото име кое се дава од соседните народи и кое претставува одраз на одредени историски настани кои довеле до неговото наложување. Да се потсетиме дека, пред да се појават од устието на Дунав, Бугарите биле нарекувани со општото име "Скити". Византиските автори со ова име честопати ги нарекувале Бугарите се до крајот на постоењето на нивната држава, во 972 година. Така било и со Византија. Името на оваа империја не е етничко име, кое се однесува на еден народ, туку тоа е политичко име, наследено од Римјаните. Државата Византија била основана од (родениот во Ниш) Тракиец Константин Велики, во 330 година, и таа го носела своето име според името на тракискиот цар Визас, кој во антиката направил Босфор да биде град којшто (според своето име) го нарекол Византион. Во оваа империја не живеел еден, туку повеќе народи, како на пример: Тракијци, Македонци, Илири, Елини, Ерменци, Грузијци, Сиријци, Египјани и други.
Поради тоа, оваа империја го носела политичкото име "Ромејска", а народите во неа биле нарекувани со заедничкото име "Ромеи". Од своја страна, етнонимот "Ромеи" значи Римјани, па во случајов испаѓа дека Византијците (иако не се Римјани), го носеле етничкото име Римјани. Дури и цели три векови Византијците зборувале на официјалниот латински јазик, но и тој факт, исто така не значи дека тие станале етнички Римјани. Одвај околу 615 - 640 година, императорот Ираклиј (610-641) го заменил латинскиот јазик со грчки, јазик кој и за време на Римската империја во југоисточна Европа и во Мала Азија бил пораспростанет од латинскиот јазик. Значи, еве како народите на една голема империја, без да имаат каква било етничка врска со Римјаните, во текот на едно цело илјадалетие, го носеле името Римјани (Ромеи) како свое етничко име.
Во денешно време ист е случајот со Французите. Нивното етничко име е наследено од етничкото име на германското племе Франки, кои, на крајот од 5. век, на територијата на месното население во Франција (Галите) основале своја држава. Оваа држава, на месните Гали, им го наложила своето име - Французи. Но, овој народ не го заборавил своето етничко потекло и име, ниту пак се обидува да докаже дека тие се Гали, а не Германци. Поради ова, никој денес не вели "Француски петел", туку - "Галски петел".
Иста е состојбата и со денешните Руси. Според своето етничко потекло тие се чисти Словени. Но, во 862 година, варјашката орда, предводена од Рурик и од неговите браќа, го основала т.н. "Новогородско царство". Токму ова варјашко племе им го оставило на североисточните Словени името Руси. Денес, меѓутоа, никој не тврди дека Русите се "Варјажи" (скандинавци), туку, како Русите, така и преостанатите народи, знаат дека тие се Словени.
Историскиот развиток на македонскиот народ исто така придонел, во Средновековието, извесно време да ни биде наметнато туѓото име "Бугари". Но, тоа име е политичко, а не етничко име и тоа не докажува дека ние имаме каква било врска со етничките Бугари (Турко-Бугарите).
Овде ќе се обидеме хронолошки да ги проследиме периодичните промени на името на западна Македонија и на дел од северна Македонија, кои се во тесна врска со промените на името на Бугарите и на Бугарија, за на тој начин да ги откриеме факторите кои ни помогнале во 19 век посигурно да го востановиме нашето сопствено етничко име - Македонци.
Ќе видиме дека и Бугарите низ својата историја носеле неколку туѓи политички имиња, во сообразност со промените во политичкиот живот на Полуостровот.
Sunday, July 8, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment