Името на еден народ, не соодветствува секогаш со неговата етничка припадност и во такви случаи се вели дека тој народ го носи своето второ (политичко) име.
Автономните кнежества на словените во западна Македонија и го дале новото име на оваа област.
Византиските императори и писатели од средината на 6 век, западна Македонија ја нарекуваат со новото име - Славинија (Склавинија).
Крстоносецот Вилардуен, третиот брат на Петар и Асан, го нарекол: "Јо-ван, кралот на Влахија" ("Бугарска воена уметност"... стр. 437).
Роберт Кларк за нападите на Калојан во 1207 година пишува: "Не помина многу време, а Јован Влавот и Куманите навлегоа во земјата на солунскиот маркиз (Бонифациј Монфератски, з.м.)" (исто, стр. 420).
Кларк ги дава и следниве податоци за владеењето на Калојан:"Значи, Влахија е земја која му припаѓа на императорот (византиски, з.м.)"(исто, стр. 479).
Најневеројатно е тоа што некои византиски писатели (како, на пример, Македонецот Јован Кантакузин кој, откако доброволно се откажал од византискиот престол, ја напишал својата "Историја" во втората половина на 14. век, т.е. во последните децении од т.н. Втора бугарска држава) продолжиле Бугарија да ја нарекуваат Мизија, а нејзиниот народ - Мизи, иако таму веќе не живеел еден народ, туку шест засебни племиња: Печенези, Кумани, Татари, Власи, Трако - Словени и незначителен број Бугари.
Така, на пример, кога Кантакузин ја спомнува смртта на бугарскиот цар Светослав, пишува: "Светослав, царот на Мизите, умрел од болест." (исто, стр. 433).
Во врска со походот на Михаил Шишман, во 1323 година, овој писател, запишал: "Во тоа време, царот на Мизите Михаил, навлегол со целата своја војска во земјата на Ромеите" (исто, стр. 434).
За последниот бугарски владетел, Кантакузин ги дава следните сведоштва: "Срацимир... води потекло од Мизи и од Кумани" (исто, стр. 443).
Уште поинтересно е дека самите бугарски владетели од 13. век, себеси се претставувале како "господари на Власите".
Така, на пример, архиерејот на тогашната Бугарска црква, епископот Василиј, во едно од своите писма до папата Инокентие Трети, откако настојува да му се задоволи желбата на Калојан да добие царска круна, пишува: "Тој (Калојан, з.м.) и целото негово царство, како наследници на римската крв, имаат добро чувство на преданост кон Римската црква." (ЛИБИ, т. 3., стр. 314).
Врз основа на што епископот Василиј тврдел дека населението во т.н. "Втора бугарска држава" носело во своите вени римска крв, а освен тоа, видовме и дека западните хроничари ги нарекувале Калојан и неговиот народ Власи?
Sunday, July 8, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment