Sunday, July 8, 2007

БУГАРИТЕ БИЛЕ НАРЕКУВАНИ И ВЛАСИ!

А, кога ги опишува нападите на Асан во Тракија (1189 година) Хонијат им дава ново етничко име на народот од некогашна Бугарија. Тој пишува: "Значи, Власите откако се возгордеале од непрекинатите победи над Ромеите, тие се здобиле со големи богатства и секакви оружја од пљачкосувањето на Ромеите." (исто, стр. 404).

Друг византиски писател (Георги Скутариот), кој бил современик на Петар, Асан и Калојан, пишува за византискиот поход против нив во истата година.

Тој пишува: "Откако работите на запад (од Константинопол, з.м.) станале лоши и Власите, заедно со Куманите, почнале да ја пљачкосуваат ромејската земја, императорот презел поход против нив." (ГИБИ, т. 8. стр. 230).

Во врска со бегството на Иванко, кое се случило по убиството на Асан, Георги Скутариот соопштува: "И така Иванко кришум ја напуштил Мизија и отишол кај императорот." (исто, стр. 255).

Да кажеме дека бугарските историчари денес името на владетелот на т.н. "Втора бугарска држава" - Асан, го пишуваат како "Асен", што не одговара на вистината, затоа што во византиските извори тој е запишан како "Асан", а не како "Асен".

Но, не се само Византијците тие кои од 10 до 14 век го користеле политичкото име за сите народи од онаа страна на Стара Планина (Печенези, Кумани, Татари, Власи, Трако-Словени и неколку "островчиња" остатоци од Бугарите, главно во Провадиско, Варненско и Добричко), туку тоа го правеле и западните хроничари. Така, на пример, учесникот во Третата крстоносна војна презвитер Магнус кога раскажува за преговорите помеѓу бугарскиот цар Петар Втори и Фридрих Барбароса, пишува: "Власите се со нас!" (ЛИБИ, т. 3., стр. 215).

Друг учесник во оваа крстоносна војна - Ансберг во својата "Историја на походот на императорот Фридрих Први" соопштува дека во дунавската рамнина: "... владееја со своите Власи некој си Калопетар, кој бил Влав, и брат му Асан (Assanis, з.м.)." (ЛИБИ, т. 3. стр. 257).

Во врска со преговорите на Петар со Фридрих Барбароса (од кого барал царска круна), Ансберг потенцира: "Додека се вршеше сето тоа, Калопетар, господарот на Власите..." ветил четириесет илјадна војска, составена од "Власи и Кумани" (исто, стр. 279).

No comments: